Откажана е средбата меѓу премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Бугарија Румен Радев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откажана е средбата меѓу премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Бугарија Румен Радев.

Владата на Црна Гора соопшти дека договорената средба меѓу Спајиќ и претседателот на Бугарија во зградата на Владата доцнела, поради што делегацијата предводена од Радев ја напуштила зградата по четири минути чекање.

– Со Амбасадата на Бугарија беше договорено средбата да се одржи во приемната сала во Владата во 17 часот, бидејќи премиерот Милојко Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај набиената агенда. Претходната средба на премиерот со најголемата туристичка компанија, германската ТУИ, траела три минути подолго од планираното, а делегацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев ја напуштила зградата на Владата по четири минути чекање – изјавија за „Вијести“ од Владата.

Од Владата дополнително за „Вијести“ објасниле дека средбата требало да се одржи во истата прифатна сала каде што се одржала средбата со претставниците на ТУИ и дека причината за нејзиното одложување е тоа што просторот морал да се подготви за нова средба.

Домаќин на посетата на претседателот на Бугарија е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Share This Article