More

    Откако почина Алексеј Навални, неговата мајка се обидуваше да добие пристап до неговото тело

    spot_img

    Откако почина Алексеј Навални, неговата мајка се обидуваше да добие пристап до неговото тело. Таа утрово ја посетила мртовечницата во град во близина на арктичкиот затвор каде што тој бил задржан, но не ѝ било дозволено да влезе внатре, пишува Би-Би-Си.

    Ова го потврдила портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

    „Тие лажат, купуваат време за себе и не го ни кријат тоа“, рече таа во објавата на Икс.

    Рускиот опозициски медиум „Новаја Газета“ вчера вечер објави дека во мртовечницата во градот Салехард се наоѓа телото на Навални, дека пред портата стоеле двајца полицајци и „дека нешто чудно се случувало внатре“. Неименуван извор за весникот вели дека биле пронајдени модринки на телото на Навални, но дека се чини дека не се од тепање.

    „Новаја Газета“ тврди дека добила изјава од болничар во мртовечницата. Според написот тој го вели следното:

    – Како искусен болничар можам да кажам дека модринките, според оние што ги виделе, најверојатно дошле од конвулзии… Ако некој се грчи, а другите се обидуваат да го задржат, а грчевите се многу силни, тогаш се појавуваат модринки . Тие исто така (оние кои го видоа телото на Навални) рекоа дека тој има модринка на градите – предизвикани од индиректна масажа на срцето. Изгледа се обиделе да го реанимираат, а тој најверојатно починал од срцев удар. Но, никој ништо не кажува зошто имал срцев удар – наводно изјавил болничарот.

    Вработените во мртовечницата не потврдиле дали телото на Навални воопшто се чувало таму. Портпаролката на Навални вели дека неговиот адвокат бил истуркан од зградата. Таа сега вели дека истражниот комитет ја продолжил истрагата за смртта на политичарот, за која затворската служба вели дека се случила ненадејно, во петокот.
    Нема временска рамка за какви било резултати. И уште нема официјално објаснување за доцнењето во утврдувањето на причината за неговата смрт. Тимот на Навални ги обвинува властите дека се обидуваат да го прикријат она што се случило.

    Една од причините поради кои тимот на Навални сака пристап до телото е да проверат дали има очигледни надворешни знаци на повреда.

    Не е јасно дали сé уште е извршена обдукција на телото. Сè што се знае со сигурност во моментов е дека Навални ненадејно починал во својот затвор. Дека бил таму поради противењето на Владимир Путин. И дека и откако бил затворен, речиси третина од времето поминувал во самица, во казнените ќелии.

    Длабокото сомневање на неговиот тим доаѓа од нивното искуство пред три години, кога Навални беше отруен со воен нервен агенс, а властите долго време стопираа пред да му дозволат на неговото семејство да го однесе во странство на лекување и тестирање.

    Верзијата на руските власти е декат ој паднал во несвест и починал по прошетката во казнената колонија „Поларниот волк“ во Арктичкиот круг.

    Вдовицата на Алекси Навални, Јулија Навалнаја, денеска е поканета во Брисел да се приклучи на Советот за надворешни работи на претставници на ЕУ.

    Таа треба да се сретне со министрите додека разговараат за дополнителни санкции против Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img