Откако пејачката му раскинала, тој зборувал каква била во кревет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 25-годишнината од бракот, но малкумина знаат дека тој не бил првата љубов на Викторија.

Пред Дејвид, Викторија била свршена за електричарот Марк Вуд, кој работел во компанијата за снабдување со електроника на нејзиниот татко. Монтирал аларми за провалници. Двојката се разделила во 1996 година, откако биле заедно шест години. Викторија во својот документарец „Да се биде Викторија“ (Being Victoria) во 2002 година рекла: „Се свршивме поради некоја причина. Барем да останеше во плакарот во кој го сретнав кај мајка ми во куќата“.

Марк наводно не бил задоволен од коментарот, па ѝ возвратил. Тој јавно зборувал за нивниот сексуален живот во документарецот наречен „Тајните на Викторија Бекам“ (Victoria Beckham’s Secrets.). Тој рекол дека таа била „како брз воз“ во креветот и дека градите што ги има сега дефинитивно не се оние што ги имала кога била со него.

Портпаролот на телевизијата каде што се емитувал документарецот, тогаш изјавил: „Како што велат, одмаздата најдобро се сервира ладна. Марк претходно не зборуваше јавно за својата врска со Викторија, но чувствуваше дека сега е време. Тој е доста повреден од она што го кажа Викторија и нема да ја поштеди“.

Подоцна, Викторија, зборувајќи со водителката Дениз Ван Аутен за нејзиното раскинување со Марк, рекла: „Тој не беше вистинската личност за мене. Не уживав, така што мораше да заврши“. Таа открила и дека никогаш не му го вратила прстенот.

Но, пред коментарот на Викторија во документарецот „Да се биде Викторија“, Марк само убаво зборувал за пејачката. Во 1997 година, по нивното раскинување, тој за магазинот „Пипл“ изјавил: „Тоа беше многу посебна врска, но тој дел од мојот живот заврши. Тажно е затоа што долго време бевме заедно“.

Викторија го запозна Дејвид Бекам во 1997 година, а се венчаа во јули 1999 година.

 

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article