More

    Откако му ја врачи оставката на Гарсија: Роналдо ќе го води хрватски тренер во Ал Наср

    spot_img

    Како што се прошири веста дека тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија е отпуштен, сега се шпекулира и за неговиот наследник.

    Кристијано Роналдо е најголемата ѕвезда во Ал Наср, а пристигнуваат информации дека Гарсија доби отказ поради легендарниот Португалец.

    Според саудиските медиуми, а како што пренесува шпански АС, Роналдо се повеќе се фрустрирал од Гарсија, што јасно му го кажал на клубот. Очекувано, Ал Наср застана на страната на својата суперѕвезда.

    Второпласираниот клуб во Саудиска Арабија сега привремено би требало да го води хрватскиот тренер Динко Јеличиќ, пренесува шпански Спорт. Клубот во средата навечер ги разреши должностите на францускиот тренер, а за привремен шеф на стручниот штаб назначи Хрват.

    Јеличиќ со тоа ќе стане првиот хрватски тренер кој ќе го тренира и го предводи одличниот голгетер Роналдо на барем еден натпревар. Тој треба да го има своето големо дерби деби во вторник на 18 април против големиот ривал Ал Хилал.

    Јеличиќ е јуниорски тренер во Ал Наср, а таму пристигна од нисколигашот Кустошија. Ги водеше и Рудеш, Радник и хрватската репрезентација до 19 години. Горан Вучевиќ, поранешен играч на Хајдук, а порано и на Барселона, работи како спортски директор во Ал Наср.

    Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img