More

    Откако го извршиле делото, осомничените за убиството на Данка Илиќ отишле во кафеана на пиво, па се вратиле на работа

    spot_img

    Откако го извршиле делото, осомничените за убиството на Данка Илиќ отишле во кафеана на пиво, па се вратиле на работа, објави српскиот портал Мондо.

    Работниците на „ПУК Водовод“ во Бор, Србија, С. Ј. и Д. Д., признале дека ја убиле 2-годишната Данка Илиќ и дека го фрлиле телото на депонијата во Бањско Поље.

    Двајцата со својот автомобил ја удриле Данка, па едниот излегол од возилото и со голи раце го задавил девојчето кое лежело на патот и плачело. Потоа го ставиле телото во багажникот, отишле на блиската депонија, па ја натрупале со ѓубре.

    Откако ја убиле Данка двајцата мажи отишле во кафеана на пиво па се вратиле во фирмата нормално продолжиле со работа.

    Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава додека била на семејниот имот со нејзината мајка Ивана и нејзиниот брат постар една година. По десетдневна потрага по неа, полицијата уапсила двајца вработени во „ПУК Водовод“, С. Ј. и Д. Д,. поради сомневање дека првин го удриле девојчето со автомобил „фиат панда“, го ставиле телото во возилото, па го фрлиле во депонија.

    Според министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, двајцата го признале делото и детално раскажале што се случило кобниот ден, а полицијата сѐ уште трага по телото.

    Министерот рече дека со сите можни служби и средства петпати е претресен целиот простор.

    – Нашите оперативци ја посетија секоја куќа во Бањско Поље, ги разгледаа секој подрум, шахта и замрзнувач. Истрагата отиде во три насоки. Не можевме да ја исклучиме можноста за киднапирање, дека детето, како што испадна на крај, го удрил автомобил, а третата можност беше детето да биде живо. Неколкупати разговаравме со мајката. Дали ни беше чудно што по три години дошла во дворот каде што имало многу стакло и железо? Да. Но, моравме да ги добиеме сите информации за потребите на истрагата – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img