More

    Отец Фотије, кој е македонски државјанин, не добил никакво објаснување за причините

    spot_img

    Косовските власти денеска го депортираа во Македонија македонскиот граѓанин протосинѓел Фотије, долгогодишен игумен на манастирот Девина Вода во општина Звечан – соопшти Рашко-призренската епархија.

    Отец Фотије е депортиран со забрана за враќање во Косово во следните 5 години и со укинување на сите претходни дозволи за престој. Во решението со кое се одбива неговото барање за нова дозвола за престој се наведуваат „причини од националната безбедност“ без да се наведе никаква кривична или друга одговорност, бидејќи отец Фотије немал никакви проблеми од тој вид – додаваат оттаму.

    Од Епархијата објаснуваат дека отец Фотије, како државјанин на Северна Македонија, како и другите свештеници од оваа епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицирал за дозвола за престој во последните пет години. Тие наведуваат дека редовно и без проблем добивал продолжување на дозволата за престој, а пред десетина дена успешно го положил тестот за имиграција организиран од Министерството за внатрешни работи на Косово.

    Вчера тој имал закажан термин во Одделот за странци и имиграција во Приштина, каде требало да добие привремена косовска лична карта со дозвола за престој во следните пет години.

    „Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено. Притоа, иако имал одобрена дозвола за престој која важи до 11. ноември годинава, му било кажано дека мора веднаш да оди во притвор и дека ќе биде депортиран од Косово. Во документот што му е доставен, се цитирани членовите од законот кои се однесуваат на „причини од национална безбедност“ без да се споменува никаква кривична или друга одговорност, бидејќи отец Фотије немал никакви проблеми од тој вид“ – се наведува во соопштението на Епархијата.

    Отец Фотије, како и други црковни лица кои аплицираат за косовски документи, низ оваа процедура поминуваат во координација со мониторинг тим на ОБСЕ, чии претставници биле присутни на настанот.

    „Во крајно непријатна ситуација на притисок, отец Фотије беше принуден да ги потпише документите што му беа врачени. Документите му биле дадени на албански јазик, а подоцна му биле преведени. После тоа бил претресен со рацете на ѕидот и му било кажано дека доколку сака да избегне притвор, по што сигурно ќе остане без право на престој, веднаш може да биде депортиран без службен притвор“ – додаваат оттаму.

    На барање на Епархијата, покрај претставникот на ОБСЕ, на самото место излегол и претставник на ЕУЛЕКС, кој ги фотографирал документите и се обидел да добие објаснување за вистинските причини за депортацијата, но му било кажано, како и на отец Фотије, дека станува збор за „причини од национална безбедност“, исто така без никакви детали.

    „Откако практично беше принуден да се согласи на депортација, на отец Фотије привремено му беа одземени пасошот на Република Северна Македонија и мобилниот телефон, а возилото паркирано пред зградата беше детално претресено.“

    После тоа, отец Фотије со полициска придружба бил спроведен до границата со Северна Македонија, каде му биле вратени пасошот и телефонот. Не му било дозволено ниту да појде до својот манастир и да си ги земе личните работи и практично во рок од неколку часа бил депортиран откако му било соопштено дека не смее да престојува во Косово.

    „Рашко-призренската епархија го изразува најсилниот протест во врска со овој невиден настан, во кој долгогодишен свештеник на Рашко-призренската епархија, кој повеќе од 13 години е на Косово, без никакво јасно објаснување беше депортиран со забрана за враќање на Косово во следните 5 години и со поништување на сите досегашни дозволи за престој“ – реагираше во соопштени Рашко-призренската епархија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img