More

    Осумнаесетгодишниот А.Ќ. од Лесковац, Србија, бил погоден со воздушна пушка во пределот на градниот кош, а лицето што пукало во него е уапсен

    spot_img

    Осумнаесетгодишниот А.Ќ. од Лесковац, Србија, бил погоден со воздушна пушка во пределот на градниот кош, а лицето што пукало во него е уапсено.

    Поради обилно крварење и фактот дека куршумот се заглавил во пределот на градниот кош до градната коска, младиот човек веднаш бил хоспитализиран и итно опериран во Клиничкиот центар Ниш.

    – Само што разговаравме со колегите од Ниш. Младото момче е добро и надвор од животна опасност – вели директорот на болницата во Лесковац, Небојша Димитријевиќ.

    Во Универзитетската болница Ниш велат дека кај нив бил донесен млад човек со прострелна рана во пределот на градниот кош, во тешка општа состојба.

    – Веднаш по приемот е внесен во операциона сала, опериран и моментално е хоспитализиран на Клиниката за анестезија каде се следи постоперативниот тек – соопштија од Болницата.

    Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот вчера во семејната куќа на овој млад човек, при што е утврдено дека се работи за случаен инцидент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img