Осумдневен притвор доби Марјан Стаменковски – Доказ, откако скопското јавно обвинителство претходно го осомничи за неколку дела.
Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, информираат од Обвинителството.