More

    Осум лица загинаа, а околу 2.750 се повредени во сомнителни координирани експлозии на рачни телекомуникациски уреди низ Либан

    spot_img

    Осум лица загинаа, а околу 2.750 се повредени во сомнителни координирани експлозии на рачни телекомуникациски уреди низ Либан, изјави министерот за здравство Фирас Абијад на прес-конференција во Бејрут.

    Абијад рече дека меѓу загинатите има едно дете.

    Од експлозиите на пејџери во бројни либански региони околу 200 луѓе се во критична состојба, рече тој.

    Повеќето од жртвите се здобиле со повреди на раката, додека некои се повредени и во лицето, стомакот и очите, информира министерот.

    Либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, соопшти дека меѓу повредените има и нејзини членови, вклучително и борци на силите Радван, елитна единица во рамките на групата. Извор близок до Хезболах рече дека се повредени и високи претставници на Хезболах.

    Групата соопшти дека ја истражува причината за детонациите.

    Детонациите се случија во јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах, како и во јужниот дел на земјата. Слични извештаи дојдоа и од соседна Сирија.

    Хезболах го обвини Израел за експлозиите на пејџери низ Либан.

    Откако ги испитавме сите „достапни информации за нападот што се случи попладнево, го сметаме израелскиот непријател целосно одговорен“, напиша милицијата поддржана од Иран на Телеграм.

    – Овој предавнички и криминален непријател сигурно ќе добие праведна одмазда за оваа грешна агресија –  нагласи групата.

    Извор близок до Хезболах изјави за ДПА дека детонациите, кои се случија во различни региони низ Либан, се голем „удар за безбедносниот апарат на Хезболах“.

    Меѓу убиените е синот на пратеникот на Хезболах Али Амар, соопшти групата, додека синот на пратеникот на Хезболах Хасан Фадлала и синот на шефот на безбедноста на движењето Вафик Сафа се повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img