ОСУДЕНИ СЕ РОДИТЕЛИТЕ НА КОСТА К. И ИНСТРУКТОРОТ НА СТРЕЛИШТЕТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на 14-годишното момче убиец Коста Кецмановиќ, кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска во Вишиот суд во Белград беа прогласени за виновни и беа осудени, објави српскиот портал Нова.

Таткото на момчето убиец доби единствена казна затвор од 14 години и 6 месеци, додека, пак, Миљана е осудена на 3 години затвор.

Исто така, на 1 година и 3 месеци затвор е осуден и обвинетиот инструктор на стрелиштето каде што пукало момчето убиец Немања М.

За потсетување, Владимир Кецмановиќ е обвинет дека неправилно го чувал оружјето кое легално го поседувал во својот стан, поради што неговиот син успеал да дојде до него, да го однесе на училиште и да изврши невидено злосторство со убиство на 9 ученици и еден работник од училишното обезбедување. Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана се товари за делото недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите, при полициската истрага во училиштето, била пронајдена нејзина биолошка трага.

Иако на самиот почеток не беа обвинети за кривично дело злоупотреба и запуштање малолетно дете, Вишото јавно обвинителство во Белград во октомври го прошири обвинението. Според обвинението, обвинетите ја занемариле психичката и емоционалната состојба на своето дете за да не реагираат адекватно на чувството кое се развило кај детето – дека е одбиено и неприфатено во ОУ „Владислав Рибникар“.

Обвинителството побара 14 години и 11 месеци затвор за Владимир Кецмановиќ, единствена казна за кривичните дела предизвикување јавна безбедност и запуштање и напуштање дете.

За Миљана обвинителството побара единствена казна затвор од 5 години и 5 месеци (две и пол години за кривично дело Неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и за запуштање и злоупотреба на малолетник), како и парична казна од 500.000 динари, додека за давање лажна изјава е побарана казна од три години за Немања Маринковиќ, инструктор на стрелиштето каде што пукал Коста Кецмановиќ.

Share This Article