More

    Осуден човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага

    spot_img

    Џејмс Хауард Џексон кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага и украде два нејзини француски булдози е осуден на 21 година затвор.

    Џексон беше еден од учесниците во насилен грабеж минатата година, тој беше прогласен за виновен за обид за убиство, соопшти Окружното обвинителство во Лос Анџелес, пренесува „Њуз скај“.

    Шетачот на кучиња Рајан Фишер, кој беше застрелан тој ден, рече дека имал „многу блиска средба со смртта“.

    Лејди Гага понудила награда од 500.000 долари за безбедно враќање на нејзините кучиња веднаш по инцидентот. Кучињата Који и Густаво беа вратени неколку дена подоцна од Џенифер Мекбрајд, која исто така беше обвинета.

    Детективите не веруваат дека крадците знаеле чии кучиња се. Мотив била нивната вредност која изнесува неколку илјади долари.

    На 24 февруари 2021 година, Џексон и другите учесници во кражбата возеле низ Западен Холивуд во долината Сан Фернандо „барајќи француски булдози“, соопштија обвинителите. Го виделе Фишер со три кучиња на Лејди Гага, едно куче успеало да побегне.

    Откако Џексон го застрела г-дин Фишер, камерата во близина го снимила шетачот на кучиња како вика: „О Боже! и „Помогни ми! Застрелан сум!“.

    „Според договорот за признавање вина, Џексон се смета за одговорен за извршување на ладнокрвен чин на насилство, а жртвата доби правда“, се вели во соопштението на обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img