Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација остварија работна средба со преставник од УСАИД во врска со проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор.
На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет и надоградување на стратешкиот план за интегриран локален економски развој .