Министерот за внатрешни работи вели Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата им објавила „неселективна војна на криминалните структури кои што некој ги создавал 30 години“.
Ова тој го кажа во одговор на новинарско прашање за вчерашната вооружена престрелка во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, при што двајца се повредени и се во болница.
Спасовски рече дека станува збор за криминална пресметка и дека на полицијата ѝ е познат бекграундот на лицето во кое пукано и конфликтите што ги има. Тој додаде дека не треба да се верува на информации објавени на социјалните мрежи, туку само на информации од официјални извори.
Инфлуенсерите на социјалните мрежи го потсетија Оливер Спасовски дека во периодот од 30 години кога биле создавани „криминалните групи’, 7 години тој бил министер за внатрешни работи.
„Шо сака да каже, дека од МВР бил тој што пукал вчера?“ – пишува Богдан Илиевски и додава: „Патем, во МВР е од 2015 година“.
„Им објавивме војна на криминални групи кои некој 30 години ги создавал – рече човекот кој е 7 години министер за внатрешни, што значи приближно една четвртина од криминалните групи ги создал тој“, се пошегува инфлуенсерот Иљче Затаракоски.
Колумнистот Ивор Мицковски на Фејсбук напиша: „Војна терал CSI: Обиџуко против криминал граден 30 години. Каква војна тераш, кога повеќе од 20 години си во политика, речиси 10 си министер, технички или нетехнички, и сега допрва ќе средуваш нешто што во твое време си ја присвои државата. Кај беше ти во меѓувреме, што правеше освен да идеш по цркви, да тераш евтин ПР, интервјуа секој ден и празни статистики. Секоја година вработувате по 600 полицајци, преживеа двеста скандали, од пасоши за криминалци до бегство на Грујо, не можете едно срање да опраите, а медиумско присуство на министер на внатрешни имаме ко да сме некоја јужноамеричка хунта. Е па тоа сте, јебена хунта“.