Остра реакција на Захарова за употребата на западно оружје против Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Западните земји уште еднаш покажаа дека не се воздржани од конфликтот во Украина и дека му чуваат грб на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Откако САД, Норвешка, Финска, Велика Британија и Германија одобрија употреба на оружје на НАТО за напади на руска територија, што предизвика бурни реакции од Русија.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека НАТО „фрли прашина во очи“ со лажна дискусија за тоа дали украинските вооружени сили можат да гаѓаат руска територија со западно оружје.

Како што рече, тоа се случувало цело време.

– Русија цело ова време зборуваше за тоа. Очигледно беше дека членките на НАТО лажат и создаваат димна завеса, измислуваат приказна за тоа дека наводно сѐ уште не одлучиле дали ќе му дозволат на режимот во Киев да изврши напади со западно оружје на територијата на Русија или не – напиша Захарова на Телеграм.

Според неа, западните сојузници на сличен начин ги доведуваат во заблуда оние што ги покануваат на „мировната конференција“ во Швајцарија, со „раскажување бајки“ дека целта е постигнување мир.

Малку порано, американскиот претседател Џозеф Бајден и даде дозвола на Украина да користи американско оружје  против цели на територијата на Русија кои се закана за регионот Харков, но ја остави на сила забраната за примена на ракетата „Атакама“ и други оружја со голем дострел.

Набргу потоа Норвешка и Финска објавија дека и дале зелено светло на Украина да гаѓа цели на руска територија, велејќи дека тоа е во согласност со правото на Киев на самоодбрана, а кон тоа се приклучи и Германија, пренесува Спутник.

Претходно и Велика Британија објави дека и дозволила на Украина да користи ракети „Storm Shadow“ за напади врз објекти на територијата на Русија. Меѓутоа, според тврдењата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Лондон всушност никогаш не го ограничил Киев кога станува збор за начинот на кој тие ракети се користат.

Берлин е последен во низата што му даде зелено светло на Зеленски, за употреба на оружје на НАТО во нападите врз Русија.

Share This Article