Оспореното Упатство за водење на матични книги на дневен ред во Уставниот суд на 5 јули

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради инерес на јавноста Уставниот суд информира дека предметот У.бр.89/2023, во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги (Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.), ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 5 јули 2023 година. Станува збор за предмет кој Судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност.

Ве информираме дека во меѓувреме за истото Упатство поднесена е  инцијатива од страна на политичка партија „Левица”. Уставниот суд ги проверува наводите.

Целосниот дневен ред може да го прочитате на веб страницата: https://ustavensud.mk/?p=24380
Share This Article