More

    Осомничениот за убиството на Данка дал различни искази во обвинителството и во полицијата!

    spot_img

    Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ во Србија кој вчера во обвинителството во Зајечар рече дека никогаш не ја видел и негираше дека ја убил, истворемено изјавил и дека повлекува сè што ѝ рекол на полицијата кога бил уапсен, дознава српски Курир.

    Кога беше уапсен пред два месеци, Јанковиќ на полицијата ѝ призна дека го извршил делото, а тогаш во обвинителството се бранеше со молчење за подоцна да го смени својот адвокат.

    Во понеделникот Јанковиќ во обвинителството го негираше делото.

    Во српските медиуми се крена прашина околу зборовите  „повлекувам сè што ѝ кажав на полицијата“:

    – Ова е последната информација што ексклузивно ја дозна српски Курир, а се однесува на последните три часа од сведочењето на Јанковиќ. Присутните велат дека тој се однесувал мирно и стабилно и дека на прашањето одговорил без размислување . Тој рекол: „Повлекувам се што ѝ кажав на полицијата, секој мој кажан збор“ – изјавил Ранко Недиќ, главен уредник на српски Курир во гостување на телевизија.

    Недиќ додава:

    – Срѓан Јанковиќ и другиот осомничен Драгијевиќ претходно ја признале вината во полиција. Како што неофицијално дознава Курир, тој планирал да зборува од почетокот на апсењето, но ги чекал резултатите од истрагата кои не донесоа убедливи докази за неговата вина, да ја свртат ситуацијата во негова корист.

    Извор од обвинителството за српски Курир рекол дека во понеделникот Срѓан бил смирен негирајќи ја вината за случајот и изјавил дека тој би бил вознемирен доколку удрел дете со својот автомобил.

    За разлика од осомничениот Срѓан, неговиот колега од ЈКП Водовод, Далибор Драгијевиќ, го призна делото и во полицијата и пред обвинителството, пренесува Мондо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img