More

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против физичко и правно лице за узурпација на земјиштето зад Поликлиниката Битпазар

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против физичко и правно лице за узурпација на земјиштето зад Поликлиниката Битпазар.

    Како што е соопштено, обвинетиот 47-годишник кој е сопственик и управител на обвинетото правно лице  узурпираното земјиште сопственост на Поликлиниката Битпазар го користел како јавен паркинг и наплаќал соодветен износ за паркирање.

    „Земјиштето кое е  во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето“ ,се наведува во соопштението.

    Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img