More

    Ковачевски денес ќе му ја предаде функцијата на Џафери

    spot_img

    Досегашниот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе му ја предаде функцијата на претседателот на преодната, техничка Влада, Талат Џафери, која во наредните 100 дена ќе раководи со државата.

    Оваа преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и три „против“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа во салата, но се воздржаа од гласање, додека на седницата воопшто не присуствуваа пратениците од Европскиот сојуз за промени.

    Тнр. Пржинска влада треба да организира и да гарантира фер и демократски избори. Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април. До формирањето на нова Влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада на чело со премиерот Талат Џафери.

    Во Владата денеска е предвидено свечено примопредавање на функцијата меѓу Ковачевски и Џафери, по што е планирано тие да одржат кратка средба.

    Примопредавања на функциите денеска треба да има и во сите министерства и кабинети на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img