Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.
„На 18 јануари во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил“, се наведува во соопштението на ОЈО.
На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство.