Основачот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин објави видео од ковчези и рече дека во нив има мртви украински војници.
– Испраќаме дома уште една „пратка“ со загинати борци на украинската армија. Тие храбро се бореа и загинаа. Затоа најновиот камион ќе ги врати во нивната татковина – вели Пригожин во видеото, облечен во воена опрема.
На видеото може да се забележи како униформирани луѓе близу Бахмут товарат дрвени ковчези во камион додека во заднина се слушаат експлозии.