More

    Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ја запросил новинарката Лорен Санчез

    spot_img

    Основачот на „Амазон“ Џеф Безос (59) ја запросил новинарката Лорен Санчез (53), потврди магазинот „Пипл“.

    Веста за свршувачката дојде додека вљубениот пар беше на одмор на југот на Франција. За време на викендот, тие приредија забава за блиски пријатели на јахтата на милијардерот вредна 500 милиони долари и присуствуваа на премиерата на филмот на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“ на Филмскиот фестивал во Кан, со Роберт де Ниро и Леонардо Дикаприо.

    Додека го поминуваше времето на неговата јахта, папараците ја фатија Лорен со огромен дијамант на раката.

    Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

    „Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најпрекрасниот човек што го познавам“, изјави неодамна Лорен за Џеф во интервју за магазинот „ВСЈ“.

    Двојката ја објави својата врска во јануари 2019 година, откако Безос објави дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак.

    Во тоа време, Лорен исто така се разведуваше од нејзиниот 13-годишен сопруг Патрик Вајтсел. Со него има две деца, а има и син од врската со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img