Османи задоволен од средбата со колегата Сафади

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамки на првата работна посета на Хашемитското Кралство Јордан, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво, Ајман Сафади.

Во фокусот на разговорите беа темите поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Јордан, на билатерално и мултилатерално ниво, како и начините за нивно понатамошно  унапредување, во периодот што следи. Особено значаен аспект беше потпишувањето на Протоколот за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи, со кој се олеснува и поттикнува соработка и непосредна комуникација на политичко, економско, научно, културно и други полиња на интерес.

– Денешната посета претставува потврда на заемните заложби за интензивирање на односите, особено во делот на економијата, бизнис релациите и културните врски. Искрено, очекувам одличното ниво на соработка, да се интензивира со зголемена динамика, затоа што ја делиме истата посветеност на мир и стабилност, и во регионот и ширум светот – истакна Османи.

На средбата стана збор и за интересот на Северна Македонија за членство во Унијата за Медитеранот, при што Османи изрази благодарност за јорданската недвосмислена поддршка за реализирање на оваа цел.

– Идното членство на Северна Македонија во Унијата на Медитеранот ќе обезбеди поблиско вмрежување и интеграција во европските структури што работат со регионот на Средоземното Море и подобра интеракција со јужното соседство на Европската Унија. Тоа дополнително ќе придонесе за потесна соработка нашите земји за зајакнување на медитеранскиот регион и создавање можности за нови проекти во насока на креирање посилен и инклузивен регион – заклучи Османи.

Share This Article