Османи вели дека на сложувалката со Бугарија ѝ фали лепилото

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Македонија нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, заедно со другите заедници коишто се спомнати таму, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е по односот на државата кон заедниците, но сензитивноста е во непредвидливоста на процесот и токму за тоа се разговара во моментов со Софија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешната прес-конференција во Скопје со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, одговарајќи на новинарско прашање во врска со подготвеноста да се отвори Уставот, истакна дека сето ова кај граѓаните создава „непредвидливост како процес, а не како суштина“.

– Северна Македонија има постигнато уникатен модел на функционална мултиетничка демократија. Покажа дека на Балканот може да функционираат мултиетнички демократии, коишто може да бидат референтен модел и за другите држави, па и пошироко. Токму основата на европските вредности е во мултиетничноста и ние тоа го постигнавме и сме спремни да го прошириме во однос на сите етнички заедници. Сензитивноста е во непредвидливоста на процесот. Меѓутоа, тоа е дел од разговорите коишто ги водиме со Република Бугарија – нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата денеска појасни дека тој во неговата неодамнешна изјава не поставил никаков ултиматум до бугарскиот претседател Румен Радев или до Европската Унија, туку само се обидел да ја појасни фактичката состојба.

– Тука не зборуваме за ултиматуми или за условување кон ЕУ или кон Бугарија, туку тоа е појаснување на фактичката состојба. Како поминува времето, се јавува обесхрабрување и сето тоа има последици и врз домашната политичка сцена и врз можноста граѓаните и политичките елити да го даваат својот придонес во овој процес – рече Османи.

Тој потенцира дека колку повеќе се одолговлекува процесот, толку тој станува поразводнет.

– Ова е одлична и последна можност во која има концентриран политички капитал, тоа е проценка, а не ултиматум – рече Османи.

Министерот додаде дека Договорот за добрососедство останува обврска за Северна Македонија, независно од исходот во јуни, а исто останува и заложбата за унапредувањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест.

– Овој процес е доста созреан изминатите месеци и години и за секој елемент во процесот има решение, проблемот е како сето тоа да се опфати во еден сеопфатен договор за да нема утре нови прашања, нови елементи и создавање непредвидливост – рече Османи.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека на сложувалката, која полека се составува во насока на решавање на спорот со Бугарија, ѝ фали лепилото, а тоа, според Османи, е политичка волја во моментов за ги стави елементите во еден сеопфатен процес, кој ќе значи ново поглавје за нашата држава и за односите на Западен Балкан со ЕУ.

Министерот за надворешни работи напомена дека сега сме во фаза на почеток на преговори со ЕУ, а не во фаза на членство, нагласувајќи дека треба да се направи јасна дистинкција и додаде дека најважен момент во оваа фаза е усвојување на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

– Северна Македонија го има започнато, односно потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација неколку месеци по Словенија, неколку месеци пред Хрватска, што значи ако тоа било една тројка која почнала, тоа треба да се заврши, за да може да зборуваме за други процеси. Второ, ако гледаме од сегашна перспектива Северна Македонија е со Албанија и со Црна Гора како земји коишто се три НАТО членки во регионот со стопроцентно усогласување на надворешната и безбедносна политика, а сѐ уште се далеку во процесот на асоцијација и прилагодување кон европските правила на една игра и во тој дел треба и тој пакет исто така да се заврши. И третиот коментар, ние зборуваме за почеток на преговори, не зборуваме за членство – рече Османи.

- Advertisement -
Ad image

Тој истакна дека преговорите се техничка асистенција на ЕУ кон одредена држава кандидат за да се подготви за членство, а ветото ни ја кочи можноста да се подготвиме, европеизираме и да се развиеме.

На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку во јуни не се тргне ветото, Османи рече дека ова е опозициско гледиште, а според него опозицијата има две сценарија.

– Ако процесот успее ќе вика „уа предавници“, ако не успее „уа неспособни“, значи ќе бидеме или предавници или неспособни – истакна Османи.

Тој додаде дека успехот не треба да се цени само во однос на тоа дали ги почнуваме преговорите, туку пред сѐ, дали се штитат државните интереси. Османи дополни дека помалку важни се кариерите на политичарите, отколку државните интереси, кои имаат историско значење.

TAGGED:
Share This Article