More

    Османи ќе предложи ветинг за испитување руски врски

    spot_img

    Кандидатот за претседател од ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата Бујар Османи, како дел од својата платформа ќе бара ветинг за носители на политички функции, преку меѓународен борд којшто ќе го сочинуваат претставници од НАТО, ЕУ и САД.

    -Дел од мојата платформа како претседател, ќе вклучува и „ветинг“ за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен борд кој ќе ги сертифицира во две насоки носителите на јавни функции. Прво – во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес и второ – со корупција и организиран криминал – изјави Османи за емисијата „Рубикон“, на Клан Косова.

    Додаде дека ќе бара во тој борд да биде и НАТО, поради, како што рече, безбедносното прашање, како и ЕУ и САД.

    – Овој борд ќе треба да направи сертификација на секој носител на функција, почнувајќи од нас – изјави Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img