Османи и Милков ќе ги зајакнуваат добрососедските односи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не треба да се дозволи провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи, заклучија министерите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков на денешната средба во Берлин одржана на маргините од министерскиот состанок на Берлинскиот процес.

– На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Министрите посочија дека двете министерства ќе работат активно на зајакнување на добрососедските односи, како взаемен интерес на двете земји, и нема да дозволат провокациите да го нарушат овој процес – соопшти МНР.

Заеднички е нагласено дека продолжувањето на дијалогот преку средби, како и преку реализирање на конкретните проекти се единствениот пат кој ќе доведе до  промена на контекстот во кој се дејствува и се влог во создавањето блиски и пријателски односи меѓу двете држави и граѓани.

Во фокусот на оваа нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август годинава, беше исполнувањето на заедничките обврски од  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави.

Османи го информира Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на Меѓуресорска работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од Протоколот од Вториот состанок, со која координира министерот за надворешни работи, како и првите состаноци на тематските подгрупи.

Се разговараше и за регионалната соработка во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како најдобра гаранција во соочувањето со политичките, безбедносни и економски предизвици врз својот развој, соопшти МНР.

Share This Article