Османи: Граѓаните нѐ гласаа за да ги водиме, а не за да се откажуваме

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изминавме интензивен период на широки консултации за предлогот на француското претседателство, веројатно најшироките консултации за било која тема досега. Не беа лесни, ниту едноставни, создадоа и емотивни реакции и прифаќам дека на моменти создадоа нервоза и кај нас, кои сме упатени да не дозволуваме да нѐ совладаат емоциите, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил.

„Без разлика, колку и да ни се допаѓаа или не, без разлика колкава главоболка ни создадоа, овие широки консултации сепак беа продуктивни и создадоа јасни линии на внимателност, ако сакате упатство каде и како понатаму со европските интеграции. Ги прифаќам сите загрижености како автентичен изблик на внимателност кој преку заклучоците во Собранието сега стануваат обврска и за Владата, и за мене, и за целиот преговарачки тим. Ја разбравме пораката и подготвени сме да одговориме на сите предизвици“, истакна Османи.

Министерот порачува дека сега е време да се подвлече линија и апелира пратениците да обезбедат европска иднина за државата.

„Имаме многу работа и бројни предизвици пред нас, но ако нешто нѐ научи нашата кратка современа историја, тоа е дека сите предизвици, колку и да се комплексни, умееме да ги надминеме и да продолжиме на европскиот и евроатлантскиот пат. Ова е мој последен апел до пратениците. Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да им обезбедиме подобра иднина. Време е да ги собереме впечатоците, и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата – порача Османи.

TAGGED:
Share This Article