More

    Османи до Шаленберг: Забрзувањето на ЕУ интеграција ќе го врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата

    spot_img

    Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на првата Конференција за климатски промени што се одржува денеска во Виена оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

    Австрија дава силна поддршката и има директен и конструктивен ангажман во справувањето со предизвиците и приоритетите на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, при што Османи побарал помош од Австрија и за справување со итните прашања важни за функционирањето на Организацијата.

    Во однос на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, двете земји негуваат блиски односи речиси три децении, со взаемна посветеност за натамошно унапредување на соработката.

    „Северна Македонија изразува благодарност до Австрија за нејзината силна и отворена поддршка на нашиот пристапен пат кон ЕУ и залагањата за членство во ЕУ за целиот Западен Балкан. Земјава ја цени австриската поддршка на концептот на забрзана интеграција, верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување“, истакнал Османи на средбата со Шаленберг.

    Министерот го информирал соговорникот и за постапката за уставни измени што е во тек.

    „Уставните амандмани се клучен фокус за Северна Македонија. Работиме на синхронизирање на овој процес со сите чинители во државата за негово успешно завршување до декември 2023 година“, рече Османи.

    Во однос на регионалните случувања, Османи пред Шаленберг ја истакнал улогата на Северна Македонија на домаќин на дијалог Белград-Приштина во Охрид, што резултираше со значаен договор. Тој го претставил и планот од 9 точки понуден како додадена вредност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

    „Продолжувањето на дијалогот предводен од ЕУ е исклучителна важност и за ОБСЕ и за Северна Македонија како непосреден сосед. ОБСЕ е подготвена да го поддржи и помогне спроведувањето на препораки што ќе произлезат од овој процес на терен“, рекол Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img