ОСМАНИ – АУРЕСКУ: ЕУ ЧЛЕНСТВОТО Е НАЈДОБРА ГАРАНЦИЈА ЗА РАСТЕЧКИТЕ ЗАКАНИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со својот хомолог од Романија, министерот за надворешни работи, Богдан Ауреску.

Во фокусот на разговорот беа билатералните односи и соработка меѓу двете држави, пристапниот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ и романската поддршка во тој контекст.

„Романија во континуитет дава цврста поддршка на заокружувањето на европската агенда на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, како едно од клучните приоритети на својата надворешна политика“ изјави Османи за време на разговорот, подвлекувајќи ја важноста на што поскоро завршување на тој процес, како најдобра гаранција за растечките закани по европскиот континент.

Беше нагласено дека руската агресија длабоко ги променила геополитичките околности, а со тоа и потребата од суштинска координација во рамките на регионалните и меѓународни механизми на соработка.

Соговорниците разменија мислења за тековните активности и приоритетите на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба, како и претстојното претседавање со Процесот за соработка во југо-источна Европа, кое започнува во јули, и каде членува и Романија.

Министрите разговараа и за начините како да се унапреди економската соработка, која заостанува во однос на многу добрите политички односи. Минатата година Романија била 13ти најголем трговски партнер на Северна Македонија.

Share This Article