Оскудните информации поттикнуваат загриженост

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Принцезата Кејт Мидлтон минатиот месец беше подложена на деликатна операција на абдоменот, поради што беше надвор од јавниот живот, а нејзиното враќање на службените обврски се очекува дури во април. Оскудните информации за нејзиното здравје кои беа официјалном пласирани од Кесингтонската палата поттикнаа шпекулации и загриженост, како и истраги во весниците за тоа што се случува со Кејт.

И покрај интензивните испитувања, британското кралско семејство е прилично воздржано во однос на информациите за спецификите на здравствениот проблем на принцезата од Велс што доведе до бројни шпекулации.

Првично, имаше гласини за потенцијална дијагноза на рак, што Кенсингтонската палата брзо ги демантираше без да открие дополнителни детали. Имаше и извештаи дека принцезата е интубирана, но тие беа демантирани од палатата.

Неодамна се сугерираше дека Кејт има Кронова болест што дава потенцијално објаснување за нејзиното продолжено закрепнување, но сѐ уште нема официјална потврда за тие гласини, пишува реномираниот шпански весник Марка.

Кроновата болест е хронично автоимуно заболување што предизвикува воспалителна болест на дигестивниот систем што ги погодува децата и возрасните. Причината за Кронова болест е непозната. Не постои облик на лекување што ќе доведе до целосно излекување на Кроновата болест, така што целите на лекувањето на оваа болест се да се стави пациентот во ремисија и да се одржи таа ремисија.

Принцот Вилијам и Кејт го искористија фактот што нивните деца се на училишен одмор за да се повлечат во Сандрингем, затскриено место идеално за опоравување далеку од очите на јавноста.

Последното официјално соопштение од палатата за здравствената состојба на Кејт Мидлтон беше дадено на 29 јануари, кога беше речено дека Кејт закрепнува во Виндзор по двонеделниот престој во лондонската болница.

После тоа, принцезата од Велс наводно продолжила да работи од дома, под надзор на посветен тим од две медицински сестри.

Последните нејзини фотографии се направени на Божиќната миса на 25 декември минатата година, па јасно е зошто јавноста е загрижена. Особено ако се земе предвид дека палатата беше многу поотворена за здравјето на кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article