More

    Полицијата заплени цел арсенал во домот на актерот Ален Делон

    spot_img

    Француската полиција заплени 72 парчиња огнено оружје и повеќе од 3.000 парчиња муниција од домот на актерот Ален Делон.

    Куќата на францускиот актер се наоѓа во местото Души-Монкорбон, на околу 135 километри јужно од Париз. Претресот на неговиот дом е нареден откако службеник назначен од Судот бил испратен на имотот, па забележал оружје и го известил судијата. Според Обвинителството, Делон (88) немал дозвола за оружје.

    Здравјето на Делон последниве години е сериозно нарушено. Тој доживеа мозочен удар во 2019 година, па сѐ уште е во тешка состојба, според одредени извори.

    Француските медиуми со месеци пишуваат и за спорот меѓу неговите 3 деца и неговата поранешна помошничка Хироми Ролин. Неговите наследници лани се здружија заради заедничко обвинение против неа. Тврдат дека таа учествувала во наводно тормозење врз нивниот татко. Нејзиниот адвокат ги отфрли сите обвиненија.

    По долга и бурна кариера на светската сцена, Делон последниве години живее во изолација. На Канскиот филмски фестивал во 2019 година последен пат се појави пред јавноста кога ја доби почесната „Златна палма“.

    Во септември истата година, тој присуствуваше на погребот на својот пријател и колега Жан Пол Белмондо во Париз, кусо пред да го преживее мозочниот удар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img