More

    Осигурителните дружтва ги вратија старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата откако одлуката на Владата беше објавена во службен весник

    spot_img

    Осигурителните дружтва ги вратија старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата откако одлуката на Владата беше објавена во службен весник.

    Цените се вратени на ниво од 24 април кога беа зголемени за 15,4%.

    Претходно Комисијата за автомобилска одговорност ѝ препорача на Владата да ги врати цените на авто-полисите.

    Осигурителните компании реагираа на оваа одлука наведувајќи дека „претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“.

    Не се знае што  ќе се случува со уплати на граѓаните кои ги регистрираа возилата со повисоко осигурување  во периодот од донесување на одлуката за зголемување на цената до вчера. Ниту владата, ниту осигурителните компании немаат одлука за тоа.

    Граѓаните во периодот на повисоки цени на осигурувањето на возилата плаќаа повеќе од 840 до 1.600 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img