Оружјето наменето за Украина, кое поголем број на западни земји речиси секојдневно го испраќаат, делумно се шверцува на Балканот, предупредува портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа вели дека пратките со оружје само ќе го зголемат црниот пазар, а како што тврди, дел од оружјето веќе стигнало до Босна и Херцеговина, Албанија и до Косово.
– Тие веруваат дека ова е билет во еден правец, веруваат дека се ослободуваат од застареното оружје што го испраќаат во Украина или во трети земји. Сепак, забораваат дека пратките со оружје испратени во Украина ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје, особено во Западна Европа и на Балканот – изјави Захарова.
Портпаролката вели и дека иако земјите што го добавуваат оружјето молчат, сепак од Интерпол веќе се алармира за овој проблем.