Охриѓанецот Христијан Пендиков на свечена церемонија и официјално ќе стане бугарски државјанин.
Потпретседателката Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло, ќе му го врачи бугарското државјанство, пишуваат бугарските медиуми.
Според написите церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија.
Во оваа сала се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања.
Од кабинетот на Јотова информираат дека настанот ќе се одржи во 14часот и 30 минути…