Не е тешко да се биде креативен, покажаа денеска родителите на шампионите на едно основно училиште во Љиг, кои на својата наставничка и подаруваа нешто поинакво. Наместо ваучер за парфимерија или гардероба, на своето биро нашла уплатница. Иако можеби мислевте дека родителите решиле да преминат од давање ваучери на давање пари, сепак тоа не е така, пишува „Зелена училница“.
Имено, на масата на наставничката Ана Гошњиќ од основното училиште „Сава Керковиќ“ во Лишка стоела уплатница адресирана до Националното здружение на родители на деца заболени од рак (НУРДОР). Собраните пари родителите и учениците наместо да ги потрошат како подарок за наставничката ги уплатиле во хуманитарниот фонд. Секако, имаше и рачно изработени честитки, кои се омилени подароци за наставниците.
„Родителите ги слушаа моите зборови и знаејќи дека не сакам такви подароци, дојдоа на идеја парите од кои ќе купат подарок да ги дадат во добротворни цели, на здружение наменето за деца кои се борат со опасна болест. “, изјави таа во Зелената училница.наставничката Ана.