Орхан Куртиши е назначен за нов генерален директор на АД Пошта на местото на Идри Истрефи. Куртиши доаѓа на оваа позиција како шеф на огранокот на Алтернатива во Куманово.
Тој ја презел функцијата на 9 август.
„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата Вреди. Посебно им благодарам на претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, на претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и на организациониот секретар, Башким Муртези, што ми ја дадоа довербата да ја водам оваа важна функција“, напиша Куртиши на својот профил на Фејсбук.
Негов заменик ќе биде Николчо Угринов од Струмица, а за останати членови на Управниот одбор се назначени Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.