Организаторите на Олимпијадата се извинија за контроверзните сцени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Организацискиот комитет на Олимписките игри им се извини на христијаните кои се вознемирија од глетките од церемонијата на отворањето на ОИ, а особено од сцената со транвеститите, која личеше на пародија на славната слика „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

– Јасно е дека никогаш не постоела намера да се покаже непочитување кон која било верска група. Церемонијата на отворањето се обиде да ја прослави толеранцијата на заедницата – кажа портпаролката на манифестацијата Ана Декамп која, како што пренесува Ројтерс, додаде дека верува дека „оваа амбиција е остварена“ но и „ако луѓето се навредиле, навистина ни е жал“.

Ројтерс се обиде да ја оправда и сатанистичката сцена од отворањето на ОИ, укажувајќи дека Франција, иако е горда на своето богато католичко наследство, има и долга традиција на секуларизам и антиклерикализам.

„Богохулењето не е само легално, туку многумина го сметаат за суштински столб на слободата на говорот“, истакнува британската агенција, напоменувајќи дека Римокатоличката црква соопшти дека жали поради церемонијата која „содржеше сцени на исмевање на христијанството“.

Томас Џоли, уметничкиот директор и организатор на церемонијата на отворањето, кажа дека верската субверзија никогаш не била неговата намера.

Share This Article