Оревите нудат важни хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на мозокот, а научните докази сугерираат дека тие можат да играат улога во одржувањето и подобрувањето на когнитивното здравје.
Оревите се одлична закуска во текот на целата година, но стануваат уште подобри во текот на зимата бидејќи ги има во многу јадења и колачи. Покрај тоа, тие се одлични за ужина, но и за нашето здравје.
Оревите навистина имаат многу нутритивни придобивки и со право се на листата на 30 најздрави намирници кои треба да ги јадете секој ден, како и на листата на најдобри намирници за срцето, како што пренесува Real Simple.
Имунолошка поддршка
Порција од 25 грама ореви е преполна со важни хранливи материи, вклучувајќи протеини, влакна и магнезиум, кои се важни за поддршка на целокупното здравје.
Оревите се исто така добар извор на витамин Б6 и одличен извор на бакар, кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
Здрави масти
Оревите се единствени меѓу јаткастите плодови бидејќи содржат речиси целосно здрави, полинезаситени масти.
Всушност, оревите се единствените јаткасти плодови со висока содржина на алфа-линолеинска киселина – ALA, која е поврзана со здравјето на срцето, здравјето на мозокот и антиинфламаторните придобивки.
Антиоксиданси
Меѓу јаткастите плодови, оревите имаат најголемо количество полифеноли.
Станува збор за растителни антиоксиданси кои можат да играат корисна улога во одржувањето на здравјето на различни начини, вклучително и здравјето на срцето, когнитивното здравје и воспалението, пренесува Вечерњи лист.
Здравје на цревата
Истражувањата покажуваат дека оревите можат да бидат добар избор поради нивните пребиотски својства, кои го поддржуваат здравјето на цревата и промовираат раст на корисни бактерии.
Когнитивно здравје
Оревите нудат важни хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на мозокот, а научните докази сугерираат дека вклучувањето на оревите во исхраната може да игра улога во одржувањето и подобрувањето на когнитивното здравје за време на процесот на стареење.
На пример, според една студија објавена во The Journal of Nutrition, Health & Aging, оревите можат да помогнат во подобрувањето на перформансите на тестовите за когнитивна функција за меморија, концентрација и брзина на обработка кај возрасните.
Управување со тежината
Одредени намирници се корисни за обезбедување чувство на ситост и задоволство, а истражувањата покажуваат дека оревите можат да бидат еден од нив. Зголемувањето на дневната потрошувачка на јаткасти плодови за само 12 грама е поврзано со помал ризик од дебелина.
Дневно се препорачуваат околу 40 грама ореви, што одговара на мала шака. Ако ги јадете секој ден, по некое време ќе ви бидат доволни помали количини.
Јаткастите плодови по правило не се многу калорични, но можат да станат калориски бомби во колачи, односно во комбинација со шеќер.