Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унагрија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации. Во изјавата на унгарското радио Орбан истакна дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
– Шокантно е тоа што симпатизери на терористите одржуваат протести низ цела Европа. Имаше обиди дури и во Унгарија. Но, нема да дозволиме собири на сочувство кои поддржуваат терористички организации бидејќи тоа би значело терористичка закана за унгарските граѓани – рече Орбан алудирајќи на пропалестинските пртести што се одржуваат во светот.
Орбан забрани собири за поддршка на терористи
