Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, утре, четврток, 22 јуни 2023 година, во Сараево ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.
Како што се наведува во официјалното соопштение, свечениот пречек е планиран во 9 часот. Додека изјавата за медиумите е планирана во 10:30 часот.
За посетата на Орбан се огласи и министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ.
„Не беше планирано да се сретнеме со Орбан. Тој ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ. Немам ништо против тие подобро да соработуваат со некои од субјектите. Важно е да се почитуваат институциите на Босна и Херцеговина и територијалниот интегритет“, рече Конаковиќ.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на 15 јуни најави дека Орбан ќе преноќи во Бања Лука, а следниот ден ќе оствари средби со политичките претставници на тој ентитет.