По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија, како и по и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е максимално зголемена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во следните недели и месеци, додаде тј, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина.
Орбан претпладне одржа седница на Советот за одбрана.
– Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка уште два месеца. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. Опасноста од ескалација на војната никогаш не била толку голема – рече Орбан.