Орбан откри за што муабетел со Зеленски и со Путин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Следните два-три месеци ќе бидат побрутални одошто мислиме, а ситуацијата на фронтот ќе биде уште полоша. Вака вели унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германски „Билд“. Тој открива дека го заклучил ова по неговите средби со украинскиот претседател, а потоа и со рускиот претседател на кои, како што вели, им поставил идентично прашање:

– Им го поставив истото прашање и на двајцата. Ги прашав и двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин) дали има шанса да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да почнеме од прекинот на огнот затоа што во моментов сите размислуваат во друга насока, тие прво сакаат да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат примирје – рече Орбан и додаде:

– И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на примирјето ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната – додаде унгарскиот премиер.

За борбата на фронтот Орбан е песимист.

– Во следните неколку месеци работите ќе се влошат на фронтот. Русија има повеќе оружје, а Русите се порешителни. Така, енергијата на конфликтот, бројот на загинати, бројот на жртвите ќе бидат побрутални отколку во минатата седум месеци, иако периодот пред тоа беше исто така многу брутален – рече унгарскиот премиер.

На крајот од интервјуто за германскиот весник Орбан заклучува:

– Не се расправам кој е во право, а кој не. Затоа што целта ми е мир и прекин на огнот.

По Киев и Москва, Орбан го посети Пекинг, а оттаму се упати кон Вашингтон. Неговата мини-турнеја предизвика недоумица кај челниците на земјите во ЕУ кои го прозваа унгарскиот премиер за посетите, велејќи дека тој не ја претставува ЕУ во разговорите кои ги води.

Share This Article