More

    Општина Охрид со ново работно време, но и со нов НИС кој ќе ги сопре досегашните злоупотреби кои ги правеле вработените со години.

    spot_img

    Општина Охрид воведува ново летно работно време за вработените. Според информациите до кој дојде редакцијата Охридскај, вработените во државната администрација во Општина Охрид ќе мораат да се придржуваат кон новото работно време од 06 до 14 часот или од 07 до 15 часот.

    Сппред информациите до кој дојде редакцијата Охридскај, новини ќе има и во надзорно информативниот систем на Општина Охрид.

    Наместо како до сега евиденција на работно време да биде со смарт картичка, ќе се воведе нов систем со допир на прст (папиларни линии) попознат како – fingerprint.

    Досегашниот начин на евидентирање на работно време преку картичка покажа низа од слабости, но и креативност на државната администрација во Општина Охирд, кој меѓу себе си ги поддавале картичките за пријава и одјава на работно време, па на тој нчин ем недоаѓале на работното место, ем во системот за евиденција на работно време се воделе како уредно пријавени на своето работно, па така еден вработен пријавувал 10 отсутни негови колеги од работното место и тоа траело со години.

    Со новиот надзорно информативен систем fingerprint се оневозможуваат сите претходни манипулации кој се правеа со картичките, но како новина се воведува и дневна контрола на сите вработени за работно време, како и за паузата од 30 минути, која се злоупотребувала до крајни граници.

    Со воведување на  новиот систем, сите раководители на Општина Охрид ќе мораат да имаат дневни извештаи кој ќе ги доставуваат до секретарот на општина Охрид, а толеранцијата ќе се сведе на Нула, зошто државните службеници во Општина Охрид ги плаќаат граѓаните и тие мора да бидат на своите работни места и да бидат сервис на граѓанинот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img