More

    Општина Центар ги повика да се пријават на објавениот повик

    spot_img

    Трета година по ред Општина Центар распишува јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, не повисока од 23.758,00 денари, информира локалната власт.

    Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година.

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500 денари и ќе биде делена по принципот „прв дојден-прв услужен“, додека не се  исцрпат предвидените пари.

    – Ги повикувам сите пензионери кои ги исполнуваат условите да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога има поголеми семејни трошоци поради претстојните празници. Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани – порача Герасимовски.

    Оваа финансиска поддршка Центар ја доделува на граѓаните кои се со постојано живеалиште на територија та на општината и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, чиј износ не е повисок од 23.758 денари.

    Повеќе информации за повикот и потребните докумети за учество се објавени на веб-страницата на Општината Центар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img