Општина Пласница донесе одлука на својот сограѓанин Минче Рамчески да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и храброст по напад од кафеава мечка.
Финансиската помош на седумдесет и шестгодишниот Рамчески му ја додели првиот човек на општината, Алија Јаоски.
– Наградата од 30.000 денари за нашиот сограѓанин е наполно заслужена, бидејќи тој со својата храброст успеа да се спаси по агресивен напад од дива мечка. По примерот на општина Пласница ги повикувам да тргнат и повеќемина наши сограѓани од дијаспората, родум од Пласница, да се приклучат на овој хуман чин и во границита на своите можности да го подржат нашиот сограѓанин Минче Рамчески, по неговата неочекувана средба со мечка, да го надмине овој кризен период – истакна градоначалникот и нагласи дека ниту еден придонес не е мал и секоја помош има значаен удел во неговото емоционално заздравување.