ОПШТИНА ОХРИД ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА И РЕПУБЛИКА СИРИЈА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид донесе одлука за доделување на  финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.

За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети  за настраданите во Република Турција и 300.000  денари се наменети за настраданите во Република Сирија.

Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.

Share This Article