More

    Опозицијата предупредува на опасноста од големиот јавен долг

    spot_img

    „СДСМ лаже кога вели дека јавниот долг е висок поради долгови од минатото. Да беше така јавниот долг немаше да биде променет. Реалната слика е дека СДСМ во овој мандат ја задолжи Македонија колку сите влади заедно од независноста до денес“ – изјави денеска Љупчо Пренџов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“

    – Кога Зоран Заев стана премиер, на 1 јуни 2017та година, јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра, а денес ако овој предлог Буџет се изгласа, јавниот долг на крајот на годината ќе биде повеќе од 8,5 милијарди евра или речиси двојно ќе биде зголемен – рече Пренџов.

    Тој оцени дека СДСМ и ДУИ ја водат државата како коцкар кој зема брзи кредити.

    – Не им е гајле за иднината на државата и дали за година или две ќе дојдеме до грчко сценарио. Без никаков срам се фалат со парите земени од ММФ за кои освен ние, аплицирале Панама и Мароко. Ќе речат дека заемот од ММФ е голем исчекор, затоа што еврообврзницата ќе била скапа. Висока ќе е каматната стапка на еврообврзница се додека СДСМ и ДУИ кројат Буџети како овој за 2023та година, и се додека имаме влада која нема никаква економска политика и стратегија – рече пратеникот.

    Тој укаѓа дека со Буџетот за 2023та година власта планира земе заеми за дополнителни 1,5 милијарда евра во текот на идната година.

    – Влегуваме во вртлог од кој многу тешко ќе излеземе. Не е неважна тема висината на јавниот долг, затоа што тоа е долг на сите нас. Тоа е долг кој што го оставаме и на нашите деца и внуци. Неговиот драстичен раст во овие 5 години ќе го почуствуваме за некој месец од сега преку прогресивниот данок со стапка 80 отсто повисока од основната, преку 50 отсто повисокиот данок за приходи од кирии, капитални добивки, преку данокот на штедни депозити во услови кога парите губат вредност поради инфлација, ќе плаќаме повисок ДДВ за струја во 2023та година, според одредени најави се очекува да плаќаме ДДВ од 18% за бројни производи кои сега ги плаќаме со стапка од 5 отсто, ќе плаќаат фирмите повеќе данок на добивка поради пошироката даночна основа итн, итн – наброја пратеникот Пренџов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img