Кадиевска: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во којшто ќе се побара и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата, истакна денеска Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.
– ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија е за сè она и за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните. Преку минималецот значи зачувување на куповната моќ на граѓаните. Имајќи во предвид дека инфлацијата расте, растат не само трошоци на храна, туку и електричната енергија, трошоците за домување. Меѓутоа од иста страна компаниите се погодени од ценовниот шок и тука растат и останатите трошоци за производство, пред се електрична енергија, гас, значи горивата, меѓутоа исто така и цените за останатите репро материјали, суровини. Знаеме дека на глобално ниво се случува сè уште застој на испорака, зголемени транспортни трошоци и да не заборавиме дека се уште сме во пандемија и дека има и трошоци од пандемијата како отсуства на вработени од работа. Тука неодамна и законот за примената на недела неработен ден и повисоки дневници за тоа – истакна Кадиевска.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде за оној компромис којшто ќе го постигнат работодавачите и работниците.
– Како политичка партија ќе бидеме за оној компромис кој што ќе се постигне помеѓу работодавачите и работниците, односно синдикатот. Меѓутоа од ова студио објавувам дека исто така ќе дадеме и амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор поради тоа што нели државата може тоа да го направи, е да растат согласно растот на минималната плата. Зашто би го направиле ова? Од проста причина што ако минималната плата за вработен хигиеничар порасне на 18.000 денари, тогаш би требало и платата на професор соодветно да порасне согласно овој раст, а не да остане иста – нагласи Кадиевска.
Кадиевска посочи дека затоа во Собранието ќе се поднесе оваа иницијатива и се надева дека парламентарното мнозинство ќе ја прифати.