More

    Оперскиот првенец Котецу ја промовира македонската музика во Јапонија

    spot_img

    Јапонскиот оперски првенец Казухоро Котецу ја започна својата кампања за промовирање на македонската традиционална музика низ Јапонија за 2024 година.

    Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција, како и во македонските вина, кои исто така ги промовира на своите музички настапи.

    На својот осми рецитал со солистите од операта во Токио, Котецу заедно со сопранистката Кунами Акари, изведе избор од македонски песни, кои ги има обработено: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.


    Пред своите сонародници Казухоро Котецу настапи со македонска носија што ја донесе од неодамнешниот престој во Битола, каде што учествуваше на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ и ја одушеви публиката со изведбата на безвременската „Ако умрам ил’ загинам“ на бардот на македонската патриотска песна и негов омилен пејач од Македонија, Јонче Христовски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img