More

    „Опенхајмер“ води со 13, „Кутрите“ со 11, Марго Роби со празни раце за „Барби“

    spot_img

    Филмовите „Опенхајмер“ и „Барби“ ја предводат листата на номинирани филмови во различни категории за доделување на најпрестижната награда во кинематографијата – Оскар.

    „Опенхајмер“ и „Барби“ ќе имаат голема битка во категоријата најдобар филм, заедно со уште осум осварувања, но изненадување е што Марго Роби, која беше главниот лик во хитот „Барби“, не е номинирана за најдобра актерка.

    Без номинација остана и режисерката на филмот „Барби“, Грета Гервиг, но овој филм доби вкупно осум номинации, вклучително и во категориите најдобра споредна машка улога (Рајан Гослинг) и најдобра споредна женска улога (Америка Ферера).

    Сепак, тоа беше голем ден за „Опенхајмер“ – 13 номинации во сите големи категории.

    Легендарниот Мартин Скорсезе има добиено дури 10 номинации за Оскар, повеќе од кој било друг жив режисер, а неговиот филм „Убијци на цветната месечина“ е меѓу номинираните за најдобар филм.

    Годинешната церемонија на Оскарите ќе се одржи на 10 март.

    Категорија најдобар филм

    Американска фикција (American Fiction)
    Анатомија на пад (Anatomy of a Fall)
    Барби (Barbie)
    Холдоверите (The Holdovers)
    Убијци на цветната месечина (Killers of the Flower Moon)
    Маестро (Maestro)
    Опенхајмер (Oppenheimer)
    Минати животи (Past Lives)
    Кутрите нешта Poor Things
    Зоната на интерес (The Zone of Interest)

    Жистин Три – „Анатомија на падот“
    Мартин Скорсезе – „Убијци на цветната месечина“
    Кристофер Нолан – „Опенхајмер“
    Џорџ Лантимос – „Кутри нешта“
    Џонатан Глејзер – „Зона на интерес“

    Категорија најдобар актер

    Бредли Купер – „Маестро“
    Колман Доминго – „Растин“
    Пол Џамати – „Холдоверовите“
    Килијан Марфи – „Опенхајмер“
    Џефри Рајт – „Американска фикција“

    Категорија најдобра споредна машка улога

    Стерлинг К. Браун – „Американска фикција“
    Роберт де Ниро – „Убијци на цветната месечина“
    Роберт Дауни помладиот – „Опенхајмер“
    Рајан Гослинг – „Барби“
    Марк Руфало – „Кутрите нешта“

    Категорија најдобра актерка

    Анет Бенинг – „Нијад“
    Лили Гладстон – „Убијци на цветната месечина“
    Сандра Хулер – „Анатомија на падот“
    Кери Малиган – „Маестро“
    Ема Стоун – „Кутри нешта“

    Категорија најдобра споредна женска улога

    Емили Блант – „Опенхајмер“
    Даниел Брукс – „Виолетова боја“
    Америка Ферера – „Барби“
    Џоди Фостер – „Нијад“
    Дејвин Џој Рендолф – „Холдоверовите“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img