More

    Онколог открива дека вообичаен симптом може да биде знак за рак

    spot_img

    Постојат повеќе од 200 видови на рак, а симптомите често се поврзани со местото каде што се наоѓа болеста во телото. Сепак, симптомите понекогаш се суптилни и лесно може да се помешаат со помалку сериозни состојби. Според онкологот Јиржи Кубес, најдобар пример е болката во грлото.

    „Ако болките во грлото траат подолго од две недели, можеби е време да се прегледате. Постојаното болно грло, кое трае повеќе од две недели, е еден од помалку познатите симптоми на рак на главата и вратот“, вели д-р Кубес, пренесува index.hr.

    Меѓу другите симптоми на рак на главата и вратот, тој ги издвои воспалените непца, чиреви и болки во устата, бели или црвени дамки во устата и постојано блокирани уши или болки во увото.

    „Ракот на главата и вратот е еден од најбрзо растечките видови на рак во светот, а раната дијагноза може значително да влијае на шансите да се победи“, истакна онкологот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img